Официјално: Филип Кузмановски е нов ракометар на Вецлар

фото: hsg-wetzlar.de

Како што и се најавуваше, тоа и се потврди, македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски ги засили редовите на германскиот ракометен клуб Вецлар.

Нашиот бек до сега ги бранеше боите на Хановер-Бургдорф, а сега ќе има нов предизвик во Вецлар кој сезонава се бори за опстанок во Бундес лигата.

Кузмановски потпиша договор до крајот на оваа натпреварувачка сезона. Како што најавија од клубот, ќе биде во составот за следниот бундеслигашки меч на гости против Фуксе Берлин.

Беше најдобар македонски стрелец на Светското првенство во Полска и Шведска, на клупски план беше дел и од Пелистер, Металург, Еурофарм Работник и Магдебург. Севкупно има 112 бундеслигашки натпревари, запишувајќи 181 гол.

– Бев воодушевен кога слушнав дека Вецлар се интересира за мене. Ни претстои голема задача со цел да останеме во елитата. Ќе направам сè за да му помогнам на тимот, а со тоа и на клубот да победи на многу натпревари и да ја оствариме целта – вели Кузмановски за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот