Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски се поврзува со можен трансфер во Вецлар?!

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Кузмановски би можел наскоро да има нов предизвик во Германија.

Како што информира „Билд,“ нашиот бек се поврзува со можен трансфер во редовите на Вецлар во чиј стручен штаб е поранешниот репрезентативец Филип Миркуловски.

Кузмановски моментно ги брани боите на Хановер-Бургдорф кој се наоѓа на седмото место со 19 бодови во Бундес лигата, додека Вецлар кој се бори за опстанок е на 16 позиција со девет бодови.

Битолчанецот (26) е во одлична натпреварувачка форма, а тоа го докажа и на неодамнешното Светско првенство во Полска и Шведска каде беше наш најдобар стрелец со 37 голови.

Во својата клуспа кариера беше дел и од екипите на РК Пелистер, РК Металург, РК Еурофарм Работник и Магдебург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот