Одлучи да остане со него до самиот крај: Ова е причина зошто Ребека го повлече барањето за развод од Ерик Дејн
По дијагнозата на Ерик Дејн, неговата сопруга Ребека го повлече барањето за развод. Таа јавно објасни дека тоа го направила за нивните ќерки, Били (15) и Џорџија (13), да научат што значи да се биде покрај семејството дури и во најтешките моменти. Во разговор во поткастот „Broad Ideas“ минатиот ноември, Ребека рече дека сака ќерките да разберат дека „семејството останува семејство, дури и кога односот станува многу комплициран и животот се врти наопаку“, пишува „Пејџ сикс“.
Препорачано
„Им кажуваме: Тука сме без разлика на се. Тој е нашето семејство. Тој е вашиот татко“, изјави таа.
Ребека призна дека постојано се прашувала дали постапува правилно, но најважно ѝ било ќерките да се чувствуваат безбедно и згрижено и покрај тоа што ситуацијата била тешка и тажна.
Парот се венчал во 2004 година, а Ребека поднела барање за развод во 2018 година, по 13 години заеднички живот. Сепак, минатата година одлучиле да се повлечат од разводот, само еден месец пред Ерик јавно да ја соопшти својата тешка дијагноза.
Подоцна, Ребека опишала дека нивната љубов „можеби не е романтична, но е семејна“. Тие не живееле заедно осум години, но редовно се среќавале за семејни моменти, заеднички оброци и посети.
Ерик Дејн почина минатиот четврток, десет месеци по објавувањето на дијагнозата, на 53-годишна возраст. Семејството се прости со соопштение во кое истакна дека тој се посветил на подигање на свеста за АЛС и истражувања за оваа болест.


