Ерик Дејн/Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Почина Ерик Дејн, ѕвездата на „Вовед во анатомија“

Актерот Ерик Дејн почина на 53-годишна возраст по долга борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС), објави Ти-ем-зет. Тој починал синоќа во болница во Лос Анџелес, опкружен со сопругата, ќерките, пријателите и роднините.

Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ објави уште во април 2025 година дека му е дијагностицирана АЛС. Тој објасни како патот до точна дијагноза бил исцрпувачки. Со месеци одел од еден специјалист до друг, правејќи бројни тестови, сè додека неврологот конечно не му ја соопштил тешката вест.

Во текот на изминатите месеци, Дејн редовно известуваше за својата борба со прогресивната невродегенеративна болест, откривајќи дека му останала само една функционална рака и дека неговата физичка сила полека го напушта.

Првите симптоми се појавиле на почетокот на минатата година, кога почувствувал слабост во десната рака, мислејќи дека е од премногу пишување пораки или од замор. Но, по неколку месеци прегледи, во април му била поставена официјална дијагноза. Само два месеци подоцна, ја изгубил функцијата на десната рака, а наскоро почнал да има и проблеми со говорот. Постоело можност наскоро да ја изгуби функцијата и на левата рака, како и на нозете.

Неговата сопруга, актерката Ребека, неодамна зборуваше за тоа како болеста влијае врз нивните ќерки: 15-годишната Били и 13-годишната Џорџија.

„Скршено ми е срцето. Моите девојчиња навистина страдаат, а ние се обидуваме да го преживееме ова. Ова е навистина тежок период“, изјави таа за магазинот „Пипл“.

АЛС е тешка невролошка болест која ги напаѓа моторните неврони – нервните клетки одговорни за пренос на сигнали од мозокот до мускулите. Со прогресија на болеста, мускулите постепено ја губат функцијата, што влијае на говорот, голтањето и дишењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот