Одбојкарките на Наковски волеј славеа во третиот меч од финалето против Работнички Скопје
Одбојкарките на ОК Наковски волеј се радуваа со 3:1 во сетови (25:16, 25:13, 23:25, 25:19) над ОК Работнички Скопје во третиот натпревар од финалето на плејофот во Првата лига жени и со тоа поведоа со 2:1 во серијата „подобар во пет“.
Препорачано
Струмичкиот состав имаше контрола над случувањата на теренот во најголем дел од мечот, дури имаше шанса и со максимален резултат да го добие натпреварот, со оглед на тоа дека водеше со 23:20 во третиот сет.
Но, одбојкарките на Работнички Скопје имаа одлична серија од 5:0 во завршницата на тој период од играта и се избори за пресврт (23:25) и четврти сет.
Во последниот сет егал се играше до 10:10, за потоа одново ОК Наковски волеј да ја преземе иницијативата и предводена од Долдурова со 19 поени, Марковиќ со 15 и Ковачевиќ со 12, односно Милева со 11 поени да дојде до победата.
Во редовите на скопскиот состав Стојанова со 12 и Милевска со 11 поени беа најрасположени.
Четвртиот меч од финалната серија се игра в петок, од 18.00 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
31мин
-
56мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


