Одбојкарите по вторпат поразени од европскиот шампион Србија

Никола Ѓоргиев блеска и на континенталниот собир во Тампере, Финска/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Најдобрата одбојкарска репрезентација и по вторпат загуби од актуелниот европски шампион Србија (3:1) во Велико Градиште како дел од подготовките пред настапот во Европската сребрена лига.

Првиот сет го освоија Србите со 25:17, вториот беше нешто понеизвесен, но на крајот повторно ривалите излегоа како победници односно со 28:26.

Избраниците на нашиот селектор Никола Матијашевиќ ја намалија негативата откако во третиот сет беа подобри од 25:23.

На крајот Србија дојде до победата, односно во четвртиот сет го постави конечниот епилог 25:23.

„Црвено-жолтите“ после овие контролни мечеви се враќаат во Струмица за да ги одработат завршните тренинзи пред шестиот настап во Европската сребрена лига. Првиот турнир од неа е од 21 до 23 мај во салата „Парк“, а македонскиот состав ќе игра со Данска, Кипар и Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот