Ѓубре/фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Од утре почнува ноќната забрана за фрлање отпад, казните ќе изнесуваат од 50 до 1.800 евра

Контролата ќе ја спроведуваат комуналните инспектори и редари, кои првпат ќе работат во три смени – 24 часа дневно. Во акцијата се ангажирани 20 инспектори и уште толку редари, кои ќе бидат во постојан обикол на терен

Од утре стапува на сила мерката која ја изгласа Советот на Град Скопје воведува со која се забранува изнесување и депонирање отпад од 22 часот, а за оние граѓани и правни субјекти кои нема да ја почитуваат, ќе следуваат казни од 50 до 1.800 евра, соопшти новиот директор на ЈП „Комунална хигиена-Скопје“, Драги Митковски во интервју за Сител телевизија.

Мерката има за цел да донесе ред во управувањето со сметот и да ги спречи честите злоупотреби на контејнерите, особено од страна на угостителските и деловните субјекти.

Контролата ќе ја спроведуваат комуналните инспектори и редари, кои првпат ќе работат во три смени – 24 часа дневно. Во акцијата се ангажирани 20 инспектори и уште толку редари, кои ќе бидат во постојан обикол на терен.

„Штом одлуката утре биде објавена во Службен весник, целиот инспекторат преминува на тросменско работење. Секој прекршок ќе се санкционира веднаш на лице место“, изјави новоназначениот директор на ЈП „Комунална хигиена“, Драги Митковски.

Доколку се затекне поголема количина неправилно одложен отпад, ќе следи дополнителна контрола кај одговорните правни субјекти. Казните остануваат исти – 50 евра за физички лица, а од 1.300 до 1.800 евра за фирмите и локалите.

Надлежните сметаат дека со мерката ќе се спречи преполнување на контејнерите за домаќинствата и ќе се подобри ефикасноста на собирањето отпад во главниот град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот