Од што ќе живеаат сега! Човекот за кого принцезата Мако се откажа од титулата, падна на правосудниот испит

принцеза мако
Принцеза Мако / Фото: ЕПА-ЕФЕ

Новопечениот сопруг на јапонската принцеза Мако, Кеј Комуро, падна на правосудниот испит во Њујорк, открија резултатите неколку дена откако парот се венча.

Мако, најстарата ќерка на престолонаследникот Фумихито и внука на владеачкиот император Нарухито, се омажи за „обичниот смртник“ Кеј Комуро во Токио минатата недела по неколкугодишна свршувачка, заради која се откажа од кралската титула и од 1,2 милиони евра надомест.

Четири години по јавното објавување на нивната свршувачка, минатата недела поранешната принцеза Мако од Јапонија и официјално се венча со нејзината љубов од факултет.

Фото: Профимедиа

Младенците изјавија дека планираат заедно да изградат топла и мирна семејна атмосфера.

Двојката се преселила во еднособен стан во Токио, каде ќе престојува привремено, пред да се пресели во Њујорк.

Комуро работи како адвокат во адвокатската фирма „Lowenstein Sandler LLP“ со седиште во Њу Џерси, а по паѓањето на правосудниот испит, наводно веднаш го повикал адвокатот Окун Јошихика, шефот на јапонската фирма каде што некогаш работел Комуро, за да го извести за тоа.

Мако, во меѓувреме, рекла дека ќе продолжи да ги поддржува студиите на својот сопруг.

Анкетите покажуваат дека дури 80 отсто од Јапонците се против бракот што се случил без вообичаената помпа и церемонија во матичната служба во Токио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The World Royalty (@theworldroyalty)

На почетокот на овој месец, царската институција појасни дека свадбената церемонија, приемниот банкет и другите ритуали нема да се одржуваат и дека не се одобрува паушалниот износ што вообичаено им се дава на жените од царското домаќинство кои се мажат за обични луѓе, во износ од 1,2 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот