Се откажа од 1,2 милиони евра: Јапонската принцеза Мако ќе живее во еднособен стан?!

Фото: Профимедиа

Четири години по јавното објавување на нивната свршувачка, поранешната принцеза Мако од Јапонија и официјално се венча со нејзината љубов од факултет, Кеj Комуро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The World Royalty (@theworldroyalty)


Принцезата Мако, внуката на јапонскиот император, се откажа од титулата и од 1,2 милиони евра кога се омажи за 30-годишниот Кеј Комуро овој вторник, пишува Vice.com.

Кралските претставници во вторникот наутро ги поднеле документите на парот во матичната служба во Токио, со малку помпа којашто традиционално се гледа на кралските свадби. Неколку часа подоцна, младенците одржаа прес-конференција за првпат од 2017 година.

„Благодарна сум ви од се срце“, рекла Мако првпат обраќајќи ѝ се на јавноста како цивил и изразувајќи благодарност до луѓето кои ѝ помогнале и ја поддржале.

Кеј го започнал својот говор со: „Ја сакам Мако“.

„Сакам да го поминам животот со личноста што ја сакам“, им рекол тој на десетици новинари собрани во просторијата што ја изнајмиле за настанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MONDO ROYAL 👑 (@mondoroyal)

Младенците изјавиле дека планираат заедно да изградат топла и мирна семејна атмосфера и иако не откриле каде ќе живеат, јапонската телевизија НХК тврди дека заедно ќе се вселат во еднособен стан во Токио, пред да се преселат во Њујорк.

На почетокот на овој месец, царската институција појасни дека свадбената церемонија, приемниот банкет и другите ритуали нема да се одржуваат и дека не се одобрува паушалниот износ што вообичаено им се дава на жените од царското домаќинство кои се мажат за обични луѓе, во износ од 1,2 милиони евра.

Четиригодишната свршувачка на принцезата Мако и Комура беше обележана со бројни скандали и расправии кои започнаа кога еден таблоид објави дека Комуро е вмешан во финансиски скандал.

Работите набрзо се влошија бидејќи таблоидите објавија за паричен скандал во кој е вмешана мајката на Комуро, што го поттикна печатот да се насочи кон него. Комуро, кој беше нападнат поради наводите дека неговата мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен свршеник и одбила да му ги врати.  Оваа сè уште нерасчистена кавга предизвика скандал во Јапонија, каде се очекува беспрекорно однесување на членовите на царското семејство.

Венчавката беше одложена, а тој ја напушти Јапонија на правни студии во Њујорк во 2018 година за да се врати во септември.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот