Томи Ли Џонс со ќерката Викторија - Фото: Принтсктин Јутјуб

Објавена причината за смртта на ќерката на Томи Ли Џонс, починала од токсично дејство на кокаин

Повеќе од еден месец откако беше пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско, објавена е причината за смртта на Викторија Џонс (34), ќерката на познатиот актер Томи Ли Џонс. Таа починала на 1 јануари, а како причина за смртта е наведено труење со кокаин, пишува „Пипл“.

Канцеларијата на главниот медицински истражител во Сан Франциско на 17 февруари соопшти дека Викторија починала од „токсично дејство на кокаин“, при што смртта е оценета како несреќен случај.

Итните служби, полицијата и противпожарната служба интервенирале на 1 јануари во 2:52 часот по полноќ во хотелот „Фермонт Сан Франциско“ по пријава за итен медицински случај. По пристигнувањето, затекнале починато лице, чиј идентитет тогаш не бил јавно објавен.

Телевизијата Ен-би-си Беј Ерија подоцна, повикувајќи се на полициски извор, објави дека станува збор за Викторија. Според аудиоснимка од повикот до службите за итна помош, до која дошол магазинот „Пипл“, случајот бил опишан како сомнеж за предозирање со видливи промени на бојата на кожата. Описот упатува на состојба позната како цијаноза – појава што се јавува при намалено ниво на кислород во крвта, при што кожата, усните или ноктите можат да добијат синкава или виолетова нијанса, што често се поврзува со нарушувања во работата на срцето или белите дробови.

Семејството се огласи ден по смртта, на 2 јануари, со кратка изјава во која побара почитување на приватноста во овие тешки моменти и се заблагодари за изразената поддршка.

Викторија беше ќерка на Томи Ли Џонс и неговата поранешна сопруга Кимберли Клафли. Двојката има и син, Остин Џонс (43).

Според судските документи, во текот на изминатата година таа била уапсена најмалку двапати, при што едно од приведувањата се однесувало на поседување дрога.

Ќерката на Томи Ли Џонс пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот