фото: принтскрин/youtube/televizija 24

Објавена листа на заразени одбојкарки во Струмица, виновникот кривично ќе биде гонет!

Листа со околу 20 одбојкарки дека се позитивни на коронавирус е објавена и истата брзо се проширила во јавноста по социјалните мрежи. Првиот човек на одбојкарскиот клуб „Виктори Волеј“ од Струмица, Андон Василев побара одговорност од лицето што ја креирал листата со имињата.

Василев потврди две девојки се позитивни на Ковид-19 чија здравствена состојба е добра, а сите останати наскоро ќе ја завршат самоизолацијата што не значи дека се исто така позитивни.

Се најавува кривична пријава против лицето кој ја објавил листата, бидејќи е нарушен угледот на одбојкарките и клубот.

Андон Василев потврди дека две девојки од клубот се позитивни чија здравствена состојба е добра, а сите останати се при крај со самоизолација што не значи дека се позитивни.

Во изјава за „Телевизија 24“ Василев изјави дека сите институации се запознаени и дека виновникот кривично ќе биде гонет.

– Најважно е за клубот, за семејствата, дека децата одлично се чувствуваат и за два-три дена се очекува да се заврши со самоизолацијата, но после срамот кој е нанесен од некои неодговорни луѓе на социјалните мрежи веруваме дека ќе бидат казнети – вели Василев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот