Објавен првиот тизер од 4-тата сезона на серијата „The Crown“: Во фокус трагичната љубовна приказна на принцезата Дајана и принцот Чарлс

Оние кои ја гледале кралската драма „The Crown“ во продукција на „Netflix“ знаат колку долго се очекуваше доаѓањето на принцезата Дајана, а првиот тизер што неодамна го објавија за серијата докажува колку монументално ќе биде додавањето на ликот на Дајана и Маргарет Тачер.

Instagram

Ликот на Дајана ќе го толкува актерката Ема Корин. Претходни заслуги на Корин вклучуваат споредна улога во крими серијата „Pennyworth“, но со улогата на Дајана со сигурност ќе биде нејзиното пробивање во филмската индустрија.

 

Серијата ќе направи след на животите на младата принцеза Дајана и принцот Чарлс, од нивното запознавање, почетокот на романтиката до брзото стапување во брак.

Instagram

Синопсисот за новата сезона на серијата гласи:

Како што се приближуваше крајот на 1970-тите, кралицата Елизабета (Оливија Колман) и нејзиното семејство беа преокупирани со зачувување на линијата на сукцесија со наоѓање соодветна невеста за принцот Чарлс (Џош О`Конор), кој сè уште не е оженет на 30 години. Додека романсата на Чарлс со младата дама Дајана Спенсер (Ема Корин) ветува прекрасна бајка за обединување на британскиот народ, со трансформацијата од тинејџерка во принцеза од Велс, за Дајана тоа беше сѐ освен бајка…

 

 

Принцезата Дајана нема да биде единствениот „трн“ на кралицата Елизабета во новата сезона.

И ѕвездата од „The X-Files“ – Џилијан Андерсон ќе дебитира во новата сезона во улога на Маргарет Тачер, улога за која Мерил Стрип доби Оскар за најдобра актерка за филмот „The Iron Lady“. Андерсон е добро позната по омилената улога на обожавателите на британската серија „Sex Education“.

Instagram

Овој тизер нуди интересни снимки на кои се појавуваат Корин и Андерсон, вклучувајќи го и  дебитантскиот изглед на рекреацијата на венчавката на принцезата Дајана и принцот Чарлс.

Instagram

Настапот на Колман како кралицата Елизабета минатата сезона ѝ донесе номинација за најдобра актерка во драма, а неминовно се очекуваат и нови номинации во комбинација со Корин и Андерсон.

Instagram

Се враќаат добро познатата постава на актери кои ги толкуваат принцезата Маргарет, принцот Чарлс, како и принцот Филип. Претстојната сезона ќе биде последна за Колман. Почнувајќи од петтата сезона, кралицата Елизабета ќе ја игра Имелда Стаунтон.

Премиерата на новата сезона на британската серија е закажана за 15-ти ноември на „Netflix“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот