Спајдермен - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Новиот „Спајдермен“ руши рекорди – прв трејлер со над милијарда прегледи

Филмот „Спајдермен: сосема нов ден“ (Spider-Man: Brand New Day) продолжува да бележи историски успеси, а најнов доказ за неговата огромна популарност е рекордната гледаност на трејлерот, пишува „Вараети“.

Продукциската куќа „Сони“ на 17 март го објави трејлерот за новата авантура на Спајдермен, во која главната улога ја толкува Том Холанд. За само четири дена, видеото достигна една милијарда прегледи, со што стана првиот филмски трејлер во историјата што ја надминал оваа бројка.

Според податоците на аналитичката компанија „ВејвМетрикс“, моментално има околу 1,1 милијарда прегледи на сите платформи, што дополнително го зацврстува неговиот статус како најгледан филмски трејлер досега.

Во првите 24 часа од објавувањето, трејлерот за „Спајдермен: сосема нов ден“ имал 718,6 милиони прегледи, што претставува најуспешно лансирање на трејлер во историјата — не само за филмови, туку и за видеоигри. Веќе по осум часа од објавувањето имал 373 милиони прегледи низ целиот свет, што било доволно за да влезе во историјата на филмската индустрија.

Претходниот рекорд го држеше филмот „Дедпул и Вулверин“ (Deadpool & Wolverine), со 365 милиони прегледи во првите 24 часа по премиерата за време на Супербол во 2024 година. Новиот филм за Спајдермен го надмина и рекордот на видеоиграта „ГТА VI“, чиј трејлер имаше 475 милиони прегледи во истиот временски период.

Пред „Дедпул и Вулверин“, рекордот за најгледан филмски трејлер го држеше уште еден филм за „Спајдермен: нема пат до дома“ (Spider-Man: No Way Home), кој оствари 355,5 милиони прегледи во првиот ден, а подоцна заработи 1,9 милијарди долари на светските кино благајни.

Во „Спајдермен: сосема нов ден“, Том Холанд повторно се појавува како Спајдермен, првпат по настаните од „Спајдермен: нема пат до дома“, кога светот го заборава идентитетот на Питер Паркер.

Премиерата на филмот е закажана за 31 јули. Покрај Холанд, во филмот глумат и Зендеја, Сејди Синк, Џејкоб Баталон, Џон Бернтал, Трамел Тилман, Мајкл Мандо и Марк Руфало.

Режијата ја потпишува Дестин Даниел Кретон, додека сценариото е дело на Крис Мекена и Ерик Сомерс. Продуценти на филмот се Кевин Фајги, Ејми Паскал, Ави Арад и Рејчел О’Конор, а извршни продуценти се Луис Д’Еспозито и Дејвид Кејн.

Том Холанд и Зендаја за деталите од снимањето на „Спајдермен“: Разликата во висина им создавала проблеми на сетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот