Том Холанд и Зендаја - Фото: Принтксрин /Јутјуб

Том Холанд и Зендаја за деталите од снимањето на „Спајдермен“: Разликата во висина им создавала проблеми на сетот

Том Холанд и Зендаја ги насмеале фановите за време на едно гостување, зборувајќи за заднинските детали од снимањето на филмот „Спајдермен“, посочувајќи дека успеале да изведат некои барани сцени и покрај разликата во висината.

За време на гостувањето во емисијата „The Graham Norton Show“, Том и Зендаја покажале како успеале да изведат сцени во кои Спајдермен ја носи Ем-Џеј, што предизвикало насмевки кај публиката.

Холанд, со висина од околу 173 сантиметри и Зендаја, која е висока 170 сантиметри, имале технички предизвик: при слетувањето по лулањето на мрежата, Зендаја често прва ја допирала земјата.

„Тој требаше нежно да ја спушти Ем-Џеј на мостот и потоа да си замине, но поради нашата висина, јас секогаш прва слетував,“ раскажа Зендаја.

Холанд објасни дека морале да внимаваат на ознаките на подот, кои им помагаат на актерите да не слетаат премногу грубо и да не се повредат.

„Јас требаше да изгледам како суперхерој. Но на крај, завршував во смешна или незгодна положба“, додаде Том.

Несреќа на сетот

Том Холанд беше хоспитализиран откако доживеал потрес на мозок за време на снимањето на филмот „Spider-Man: Brand New Day“.

Љубовна приказна

Том и Зендаја се запознаа на снимањето на филмот „Spider-Man: Homecoming“ во 2016 година, но врската ја потврдија дури во 2021. Холанд претходно изјави дека оваа врска е најубавата работа што му се случила во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот