Новиот документарец ги открива последните денови на Робин Вилијамс: „Го губеше разумот и беше свесен за тоа“ (ВИДЕО)

профимедиа

Филмот под наслов „Робин Вилијамс: Кога смеата ќе запре“ ќе ги воведе гледачите директно во борбата на славниот актер со симптомите на болеста од која не можеше да се оттргне.

Новиот документарец за животот на Робин Вилијам – „Робин Вилијамс: Кога смеата ќе запре“, ќе ви открие нови информации за здравствените проблеми на починатиот актер, вклучувајќи ја неговата дијагноза Паркинсонова болест.

Пет години по самоубиството на познатиот холивудски актер Робин Вилијамс, јавноста конечно ја дознава причината поради која тој изврши самоубиство.

Според трејлерот за документарниот вилм „Robin Williams: When the Laughter Stops” кој го продуцираше кабелската мрежа „REELZ“, Вилијамс неколку недели пред смртта дошол во центарот за рехабилитација со цел да може да се „пренасочи“. Меѓутоа според документарецот, Вилијамс се борел со депресија и симптоми поврзани со Паркинсоновата болест.

– Робил повеќе беше загрижен за депресијата која го проголта. Додека зборуваше јавно за својата зависност од алкохол и дрога, тој подолго време се бореше и со Паркинсоновата болест – изјави главниот продуцент Дилан Хавард.

Кога Вилијамс почина во 2014 година, неговата вдовица Сузан Вилијамс изјави дека влијанието на Паркинсоновата болест на неговата одлука да се убие било големо. Таа болест му е дијагностицирана неколку месеци пред смртта, но присуството на деменција не е откриено се до неговата обдукција, наведува STAT. Во говорот во 2016 година неговата сопруга Сузан Вилијамс наведе дека пробала широк спектар на третмани за лекување на неговите симптоми, кои вклучувале и параноја и халуцинации.

– Постојано зборуваше „Само сакам повторно да го покренам мозокот“. Робин го губеше разумот и беше свесен за тоа. Можете ли да ја замислите болката која ја чувствувал додека од внатре се распаѓал? Ниту тој, ниту било кој не можел да го запре – ниедна интелигенција ниту љубов не можеше да го запре тоа“ – напиша таа.

Видот на деменција кој го имал актерот е сличен тешко откривачки вид поврзан со Паркинсоновата болест и настанува кога таканаречените Левиеви тела се развиваат во нервниот систем, што доведува до симптоми како што се тешкотии во помнењето на работи, проблеми со размислувањето и обработката на информации и халуцинации. Исто така, постои силна врска меѓу деменцијата и депесијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот