Новинар се јави во живо од својот дом, а камерата улови дека тој не носи панталони (ВИДЕО)

принтскрин

За време на работењето од дома сите малку се опуштија, па не е реткост да се види дека некои луѓе работат во пижами или дури и во долна облека, а на репортерот на „ABC“ Вил Рив лежерноста малку му се одби од главата.

Имено, во текот на јавувањето во живо во емисијата „Good Morning America“ од својата дневна соба, Вил облекол кошула и сако, но не и панталони, веројатно надевајќи се дека камерата го снима само до половина.

Надежта го изневери па колегите во студиото и голем број на гледачи во светот имаа прилика да видат како Вил известува по долна облека.

На видеото на крајот се гледа и како водителката едвај се воздржува да не се насмее додека разговара со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот