Нови туристички ограничувања во Венеција

Фото: Galina Samoylovich / Alamy / Alamy / Profimedia

Во Венеција се усвоени нови правила за големината на туристичките групи и забраната за користење на звучници и мегафони за туристички водичи. Тоа е уште една од мерките во низата што градската власт на Венеција ги донесе во изминатата година, со цел да го заштити градот од интензивни посети.

Венецијанците ја поздравија одлуката, која има исклучоци за деца под две години, училишни групи и образовни и професионални патувања. Правилата важат и за островите Мурано, Бурано и Торчело.

Ограничувањето требаше да стапи во сила во јуни, но беше одложено бидејќи многу водичи веќе резервираа групни тури низ градот со групи од повеќе од 25 луѓе. Водичите кои ги прекршуваат правилата може да се соочат со казни од 25 до 500 евра.

Забранета е и употреба на мегафони, „кои можат да предизвикаат конфузија и нарушувања“.

Градскиот функционер задолжен за безбедност, Елизабета Пешче, истакна во текот на претходната година дека политиката е насочена кон подобрување на движењето на групите низ историскиот центар на Венеција, како и на високо посетените острови Мурано, Бурано и Торчело.

Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да го намали метежот за време на шпицот на туристичката сезона и за време на празниците.

Минатата година, Венеција за малку избегна да биде ставена на листата на УНЕСКО за „Светско наследство во опасност“, делумно поради тоа што телото на ОН ги препозна напорите на градот да спречи деликатниот екосистем на Венеција да биде обземен од масовен туризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот