НОВИ ДОКУМЕНТИ ОТКРИВААТ: Малолетничка била присилена да има сексуални односи со принцот Ендру

Новите документи поднесени во тужбата против Гилејн Максвел, главниот соработник на сексуалниот предатор и насилник Џефри Епстин, откриваат нови детали за пријателството на Епстин со британскиот принц Ендру, принуден секс на малолетни девојчиња со принцот со цел да се соберат чувствителни информации, објави лондонски „Гардијан“.

Принцот Ендру и озоголасениот милијардер и сексуален предатор Џефри Епстин

Документите објавени од судот во Њујорк зборуваат за еден од договорените состаноци, што се случил на приватниот имот на Епстин во Девствените острови.

КУЌА НА СТРАВ И УЖАС: Еве како изгледала рацијата на луксузниот имот на педофилот милијардер! (ВИДЕО)

Во нив се наведува дека, веќе починатиот Епстин, присилил девојче, кое на судењето било обележано како Џејн До бр. 3, а нејзиното вистинско име е Вирџинија Робертс Џуфри, за „да стори сé што бара принцот од неа и да му ги соопшти подоцна сите детали за сексуалниот чин“.

„Гардијан“ известува дека Епстин ја измамил оваа девојка и ја нудел за сексуални услуги на други моќни луѓе со цел „да им се додворува и да ги користи за деловна, лична, политичка и финансиска добивка, како и да добие потенцијално инкриминирачки информации што тој би можел да ги уценува “.

Примцот Ендру, Вирџинија Роберс Џуфри (средина) и Гислејн Максвел / Фото: Профимедиа

Меѓу неговите клиенти биле истакнати американски политичари, моќни бизнисмени, странски претседатели, премиери и светски лидери.

Покрај тоа, документите содржат тврдења дека принцот Ендрју се обидел да лобира во Соединетите држави за Епстин, со цел тој да добие најповолна спогодба во судскиот процес што беше водена поради мито и проституција на деца во 2008 година.

Жртви на Џефри Епстин, меѓу кои и Вирџинија Робертс Џуфри (најдесно) изгледуваат од федералнот суд во Њујорк по судењето за озогласениот сексуален предатор и милијрдер / 27 август 2019 / EPA-EFE/ALBA VIGARAY

Необјавените документи наведуваат дека за време на оргиите на островот и во становите на Гисленј Максвел во Лондон и Њујорк, Вирџинија Робертс била присилена да има сексуални односи со принцот Ендру три пати.

Нема прецизни датуми за наводните настани, но се тврди дека Гислејн Максвел за прв пат се приближувала до Вирџинија Робертс во 1999 година, кога имала 15 години.

Епстин ја користел како „роб за сексуални услуги“ од 1999 до 2002 година, кога успеала да избега.

 

Принцот Ендру и Гислејн Максвел на забава / Рани 2000ти / Фото: Профимедиа

Исказ за Бил Клинтон

Во судските списи стои дека Максвел и нејзиниот адвокат ја прикажале Вирџинија како неподобен сведок, укажувајќи на грешки во некои датуми и бројки кои ги навела. Минатата година Ендру и Ричардсон исто така ги негираа обвинувањата, а поради скандалот, принцот Ендру се повлече од кралските должности.

Бил Клинтон и Гислејн Максвел пред приватниот авион на Епстин / Profimedia

Треба да се напомене дека Џуфри претходно изјави дека го видела и Клинтон на островот, што беше негирано од негова страна.

Вирџинија во текот на исказите во 2016 година рече дека примила исплата за фотографијата на која е сликана со принцот Ендру која подоцна е објавена во бројни медиуми. Исто така рече дека многу пати летала со хеликоптер, со кој управувала Максвел, на приватниот остров на Епстин на Карибите.

Во текот на исказите го коментираше и интервјуто кое го дала во 2011 година во кое наведува дека Максвел тврдела дека на островот го носела и поранешниот претседател Бил Клинтон.

И Бил Клинтон го посетувал „Островот на оргиите“: Поранешен соработник на Епстајн тврди дека познати личности доаѓале

„Гислејн ми рече дека долетала со Бил Клинтон. А таа сакаше да зборува за работи кои звучат неверојатно. Било да е вистина или не, тоа го раскажав во интервјуто со Шерон Чурчер“, изјави Вирџинија  и додаде дека забележала како Чурчер погрешно ја сфатила нејзината приказна, но не се обидела да ја поправи.

Вирџинија тврди и дека тогаш го прашала Епстин што Бил Клинтон прави на островот.

„Се сеќавам дека го прашав Џефри што прави Бил Клинтон тука. Тој само се насмеа на тоа и ми рече дека му должел. Никогаш не ми рече за каква услуга се работи. Не знаев ни дали е сериозен или се шегува зошто често зборуваше дека сите му должат услуги“, рече наводната жртва на Епстин и додаде дека во тоа време на островот била Максвел и други девојки.

Бил Клинтон и Гислејн Максвел позираат заедно за објектив како што се подготвуваат да полетаат при огромниот приватен авион во сопственост на озогласениот сексуален предатор Џефри Епстин. MEGA / The Mega Agency / Profimedia / *PREMIUM EXCLUSIVE*.

Милијардерот обвинет за трговија со бели робови и сексуален предатор Џефри Епстин, кој беше уапсен на 6 јули минатата година, се самоуби на 10 август во притвор во најобезбедуваниот затвор во САД.

ВО СВОЈОТ ДОМ: Брутално застрелани синот и сопругот на судијката која пред пет дена презема случај за озлогласениот Џефри Епстин (ФОТО+ВИДЕО)

Ако оваа жена прозбори, ќе се тресе сè од Вашингтон до Бакингемската палата: Кој сè е во „црната книга“ на Епстин?

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА СЕКС-РОБИНКА НА ЕПСТАЈН: Скокнав во море полно со ајкули за да се спасам од него! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот