Поврзаноста на принцот Ендру и Епстајн, преголем товар за кралското семејство!

Принцот Ендру и озоголасениот милијардер и сексуален предатор Џефри Епстин

Војводата од Јоркшир се повлекува од своите кралски должности поради тоа како што вели тој, поврзаноста со сексуалниот престапник Епстајн станала „преголем товар“ за кралското семејство.

Во една изјава тој рекол дека длабоко се сочувствува со жртвите на Епстајн и „влијае врз сите и сака некаков крај на приказната“.

Војводата се соочи со огромни критики по интервјуто за BBC.

Во писмо напишано до Times newspaper од Бакингемската Палата, се сомнева кога војводата прв пат го запознал Епстајн.

Писмото од 2011 вели дека тие се запознале во раните 90-ти, а не во 1999 година како што рекол принцот во неговото интервју за BBC.

British Telecom е најнова во низата на организации кои се оградија од било каква поврзаност со принцот Ендру, после интервјуто.

Во неговото интервју за BBC, војводата рекол дека го запознал Епстајн преку неговата девојка во 1999 година.

Писмото од 2011 било објавено откако Тајмс изјавиле за постоењето на слика од принцот со 17-годишната Вирџинија Гиуфре, тогаш позната како Робертс, која подоцна ќе сведочи дека била принудена да има секс со него.

Војводата секогаш негирал било каква форма на сексуален контакт или врска со неа.

Во едно од ретките интервјуа синоќа, принцот Ендру категорично ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба во време кога била малолетна. Таа тврди дека тоа се случило трипати во 2001 и 2002 година кога имала 17 години – во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн во американските Девствени Острови.

-Тоа не се случи. Јас категорично можам да ви кажам дека такво нешто не се случило, изјави принцот Ендру, истакнувајќи дека не се сеќава дали некогаш ја сретнал неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот