ВО СВОЈОТ ДОМ: Брутално застрелани синот и сопругот на судијката која пред пет дена презема случај за озлогласениот Џефри Епстин (ФОТО+ВИДЕО)

Синот на федералната судиjка Eстер Салас е убиен, додека нејзиниот сопруг е критично повреден откако биле нападнати во својот дом од лице со пиштол облечено како возач на Федекс (FedEx – достава до домот).

Нападот се случил во домот на Естер Салас (51), судијка на Окружниот суд, назначена од поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во Норт Брансвик, Њу Џерзи, изминатата ноќ.

Синот на Естер, Даниел Андерл (20) починал на местото на злосторот, а нејзиниот сопруг, адвокатот Марк Андерл (63) во моментов се наоѓа во болница откако се здобил со тешки повреди по истрелите.

Овој смртоносен напад се случува само неколку дека откако федералната судијка Салас беше назначена за случај поврзан со озлогласениот сексуален предатор Џефри Епстин, но засега никој не сугерира дека овој напад е поврзан со нејзината работа.

Нападот започнал околу 5 попладне кога сопругот на Естер Салас, Марк (63), ја отворил надворешната врата од семејната куќа. Тогаш бил застрелан неколкупати.

Нејзиниот син Даниел (20), студент при Католичкиот Универзитет во Вашингтон, веднаш се упатил накај вратата по вознемирувачките звуци да види што се случува, кога и тој бил застрелан, за жал, со фатален исход.

Убиецот веднаш го напуштил местото на злосторството и се уште не е уапсен.

Синот на Салас, Даниел, бил застрелан во срцето, а нејзиниот сопруг Марк е во критична, но стабилна состојба во болницата Роберт Вуд Џонсон во Њу Брансвик. Се верува дека судијката Салас била во подрумот за време на бруталниот напад.

За медиумите, соседите велат дека полицијата тропала од врата на врата за да дознае дали некој од нив има снимки од безбедносни камери.

„Тие се се’ уште тука, не само полицијата, туку и ФБИ, агентите се насекаде, неверојатно е ова што се случува“, истакна загрижена сосетка за локалните вести.

Друга сосетка вели: „Не очекуваш нешто вакво да се случи тука. Си ги знаеме соседите, сите се поздравуваме и ова е навистина тивок реон“.

Она што го прави овој случај уште поневообичаен е фактот што судијката Салас минатата недела, на 15 јули презема случај кој е поврзан со озлогласениот сексуален предатор Џефри Епстин, кој минатиот август си го одзеде животот во еден од најобезбедуваните затвори на светот, на 66-годишна возраст.

Случајот со кој претседава судијката Салас вклучува тековна тужба од инвеститори на Дојче банк, кои тврдат дека компанијата издала лажни искази за политиките против перењето на пари, како и дека истата потфрлила да ги следи „ризичните“ клиенти- во овој случај сексуалниот предатор и милијардер Џефри Епстин.

Сепак, судијката Салас изминативе години работела на повеќе битни случаи. Освен случајот за Џефри Епстин, се споменува и еден од нејзините најголеми случаи изминативе години, што ги вклучува и сорпужниците од популарното реалити шоу „Real Housewives“, на кои судијката Салас им изрече затворска казна за криминал поврзан со лажен банкрот и затајување на даноци. Судијката им ги изрече казните така што еден од нив би бил слободен да се грижи за нивните четири заеднички деца.

Џо и Тереза / Фото: Принскрин / Јутјуб

Во 2017 година, Салас им забрани на федералните обвинители да бараат смртна казна за наводниот водач на банда, обвинет за убиствата во Нуарк, истакнувајќи дека интелектуалната попречност го прави убиецот неподобен за смртна казна. Потоа, Салас на лидерот на уличната банда Њуарк бладс (Newark Bloods) му изрече затворска казна од 45 години.

Судијката Салас исто така работела на случаи во кои се инволвирани членови на криминалната банда Грејп Стрит Крипс (Grape Street Crips). Случајот бил поврзан со голема мрежа за тргување со дрога, откако бил задушен во 2015 година од страна на ФБИ.

Како судија, Салас се соочувала со закани одвреме навреме, но во последно време немало никакви закани, вели градоначалничката Вомак за ABC News, која е пријателка со судијката Салас и нејзиниот сопруг.

„Не постојат зборови со кои ќе можам да ја искажам тагата и загубата која ја просведочуваме вечерва како заедница, по вооружениот напад на сопругот и синот на USDC судијката Естер Салас“, истакна Вомак, велејќи дека во моментов се обидуваат да го пронајдат возилото и да го лоцираат лицето за кое се претпоставува дека го изврши нападот.

Ако оваа жена прозбори, ќе се тресе сè од Вашингтон до Бакингемската палата: Кој сè е во „црната книга“ на Епстин?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот