фото: принтскрин/твитер

Млада Украинка загина во вчерашните воздушни напади додека ги засолнувала синовите

Дваесет и деветгодишната Украинка Вероника Чујан била убиена вчера за време на рускиот воздушен напад врз Киев. Младата жена загинала додека трчала кон засолниште, очајно обидувајќи се да ги однесе своите деца на безбедно, објавија украинските медиуми.

Во времето на нападот, таа се обидувала да ги спаси своите двеа сина на возраст од 5 и од 3 години.

Руска ракета експлодирала во непосредна близина на местото каде се наоѓала таа со семејството, а Вероника починала на самото место од силата на детонацијата.

Нејзиниот постар син бил префрлен во болница со сериозни повреди и итно е опериран, додека помалото дете преживеало само со полесни повреди.

Во нападите врз неколку украински градови, 22 лица беа убиени, а 130 беа ранети.

Според официјалните податоци од украинските воздухопловни сили, Русија лансирала вкупно 729 ракети и камикази дронови низ целата земја во еден бран, а главната цел на нападот бил Киев.

 

Две деца загинаа, 90 луѓе се повредени, 52 се во болница: Страшен биланс од големиот руски напад врз Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот