Нетанјаху и Трамп / EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Трамп призна дека го нарекол луд, но вели дека „многу го сака Биби“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека отворено му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека е луд, за време на телефонскиот разговор оваа недела, објавија американските медиуми.

Трамп со тоа од прва рака ги потврди медиумските извештаи што протекоа во понеделникот. Порталот Аксиос детално го опиша лутиот испад на претседателот, полн со вулгарности и со пцости, упатени кон израелскиот лидер. Иако израелските претставници веднаш се обидоа да ја негираат целата приказна и да ја намалат и исперат штетата, Трамп одлучи да бидем искрен.

На прашањето дали го нарекол долгогодишниот израелски лидер „луд“ и го обвинил за голема неблагодарност кон САД, Трамп јасно возврати: „Да“.

„Не би рекол баш дека бев лут. Бев малку вознемирен од неговите постојани борби против Либан“, рече Трамп.

Тој рече дека разговарал со Нетанјаху исклучиво за најновите израелски воздушни и копнени напади врз Либан, кои во моментов сериозно го поткопуваат и го загрозуваат кревкиот прекин на огнот на Блискиот Исток.

„Во еден момент, едноставно му реков: „Биби, мора да го запреме ова“. Всушност, многу го сакам Биби. Имам огромна почит кон него, нормално функционираме и соработуваме многу, многу добро“, вели Трамп.

„Ти си луд, сите те мразат сега“ — Трамп му се развикал на Нетанјаху зашто не го почитува договорот за делумно примирје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот