Принц Ендру негира каква било врска со жртва на Епстајн (ВИДЕО)

Принцот Ендру и озоголасениот милијардер и сексуален предатор Џефри Епстин

Британскиот принц Ендру првпат во интервју за Би-Би-Си, одговори на прашања во врска со врските со осудениот педофил Џефри Епстајн, во кои призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Во едно од ретките интервјуа синоќа, принцот Ендру категорично ги отфрли обвинувањата дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба во време кога била малолетна. Таа тврди дека тоа се случило трипати во 2001 и 2002 година кога имала 17 години – во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн во американските Девствени Острови.

Принцот Ендрју, Вирџинија Робертс и Жислејн (Гислејн) Максвел /Profimedia

-Тоа не се случи. Јас категорично можам да ви кажам дека такво нешто не се случило, изјави принцот Ендру, истакнувајќи дека не се сеќава дали некогаш ја сретнал неа, иако постојат фото-доказ за нивната средба.

Принцот Ендру со месеци е под притисок поради врските со Епстајн, 66-годишен американски финансиер, кој, откако беше обвинет за сексуално злоставување малолетни лица, се самоуби во август во затвор во Њујорк.

Во 2010 година, принцот Ендру, третото дете на кралицата Елизабета Втора, беше фотографиран како шета со Епстајн во њујоршки парк, две години откако финансиерот беше осуден за подведување малолетничка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот