КУЌА НА СТРАВ И УЖАС: Еве како изгледала рацијата на луксузниот имот на педофилот милијардер! (ВИДЕО)

Откако 16 жени денеска пред судот во Њујорк сведочеа за силувањата и злоставувањата од страна на Џефри Епстајн, во медиумите повторно почна да кружи видео од рацијата на неговиот луксузен имот во Палм Бич, каде поедини такви злосторства таму се случиле.

Полицијата на Палм Бич во 2005 година влегла во 16,4 милиони долари вредната вила на милијардерот каде се верува дека тој и неговите богати и влијателни пријатели сексуално искористувале малолетни девојки.

На почетокот на видео снимката, која трае скоро еден час, полицијата влегува во куќата со оружје додека детективот го чита налогот за претрес. Потрагата почнува во гаража во која биле сместени две црни лимузини, кабриолет и мотоцикл.

Потоа полицајците влегуваат кон кујната и дневната соба, каде скоро секој ѕид е покриен со фотографии кои потсетуваат на типични спомени од семеен одмор или фотографии на кои се гледа како Епстајн се ракува со светските лидери, вклучувајќи го и Фидел Кастро и папата Јован Павле Втори.

Во приватните делови на имотот со девет спални соби, фотографиите на ѕидовите се сосем поинакви и јасно укажуваат на изопачената природа на милијардерот. На нив се гледаат млади девојки, неретко малолетни, главно во бикини или дури и целосно голи.

На една од фотографиите се наоѓа девојче во фустан со отворен грб, за кое би можело да се каже дека има околу шест години, наведува Дејли мејл. На друга има темнокоса девојка која изгледа дека има 15 години и позира во црно бикини. Под таа фотографија поставена е фотографија на целосно гола девојка која лежи на плажа.

На неколку фотографии се наоѓа и тогашната девојка на Епстајн, Гислејн Максвел, вклучувајќи и онаа каде лежи гола на плажа. По раскинувањето, Максвел останала блиска со Епстајн, врбувајќи девојки, главно малолетни, за својот бивш дечко и неговите влијателни пријатели.

Претресот на имотот сместен само на километар и половина од клубот Мар Лаго на Трамп се случил на 20 октомври 2005 година пред крај на 11-месечната истрага која е започната по пријава дека милијардерот ангажирал малолетни девојки да го масираат, додека притоа биле во долна облека или целосно голи.

Милијардерот на крајот ја признал вината, а потоа се спогодил со обвинителството. Според таа спогодба, Епстајн отслужил само 13 месеци робија во окружниот затвор и регистриран е како сексуален престапник.

Постапката против Епстајн повторно е започната во 2018 година со тоа што овојпат истрагата е проширена и подигната на федерално ниво. Епстајн се обеси во ќелија во Њујорк на 10 август оваа година чекајќи го почетокот на судењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот