Нова занимација за ова попладне – Направете си колач со потпечено овошје

Фото: Профимедиа

Не се потпирајте на купечките варијанти, направете си домашно вкусно колаче кое се подготвува многу лесно. Лапни-голтни, лесно и освежително…

Состојки:

4 јајца

4 лажици шеќер

200 милилитри масло за јадење

200 милилитри јогурт

500 грама брашно

1 прашак за печиво

овошје по ваш избор

Подготовка:

Во подлабок сад, изматете ги јајцата заедно со шеќерот. Матете се додека не добиете цврста смеса. Потоа, додадете го јогуртот и маслото за јадење и повторно убаво промешајте. Со лажица додадете го брашното и прашакот за печиво и внимателно измешајте ја целата смеса.

Вака подготвеното тесто, печете го во претходно загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 10 минути. Потоа извадете го и врз него наредете го овошјето кое сте го одбрале по ваш вкус.

Вратете го колачот да се пече околу 20 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот