„Нов живот, нов Вардар“: Доаѓаат Талески, Остроушко, Георгиевски, се враќа Карачиќ..!?

фото: Слободен печат

Михајловски официјално потврди за „Спортмедиа“ дека ќе го превземе клубот без долгови, а Сергеј Самсоненко и натаму ќе ја има обврската да ги исплати играчите..

Од 1 јуни старо-нов газда на македонскиот и натаму актуелниот европски ракометен шампион на Вардар ќе биде Михајло Михајловски.

Михајловски официјално потврди за „Спортмедиа“ дека ќе го превземе клубот без долгови, а Сергеј Самсоненко и натаму ќе ја има обврската да ги исплати играчите до крајот на годинава.

Веќе се шпекулираат голем број на трансфери кои би се реализирале, а како што моментно стои ситуацијата во „магичната“ Википедија за РК Вардар, во сезоната 2020/21 би можеле да дојдат следните играчи..

Голманот Никола Митревски кој си замина од Еурофарм Пелистер, и така му се придружи на репрезентативниот колега Борко Ристовски, иако има информации дека би можел да се врати во Португалија.

Со „црвено-црните“ се поврзуваат уште неколку репрезентативци, левиот бек Филип Талески кој собра бундеслигашко искуство, негов последен клуб му беше Балинген, потоа Гоце Георгиевски кој досега ги бранеше боите на ЧСМ Букурешт, а тука е и талентираното десно крило од ППД Загреб, Ненад Костески.

фото: принтскрин/wikipedia/RK Vardar

Тука се наоѓа и името на белорускиот централен бек Артсјом Кулак од Мешков Брест, се најавува дури и враќање на еден од најзаслужните за двете европски титули на Вардар, Игор Карачиќ, кој би можел да го напушти Кјелце, а тука и неговиот сонародник Стипе Мандалиниќ кој беше дел од Фуксе Берлин.

Се спомнува и еден од најдобрите стрелци сезонава во ЛШ, Украинецот Владислав Остроушко кој што ги тресеше противничките мрежи во дресот на Еурофарм Пелистер.

А веќе долг период на оваа листа се наоѓа рускиот лев бек Дмитри Санталов од редовите на Чеховски Медведи.

Познато е веќе дека со македонскиот шампион се разделија Калифа Гедбан (Адемар Леон), Сташ Скубе (Мешков Брест) и Данил Шишкарев (Веспрем), од претходно тоа го направија Павел Атман и Даинис Кристопанс.

Кугис исто така најави дека ќе го напушти клубот, а се шпекулираат и заминувања на Дисингер, Кукуловски, Толедо и Сикошек Пелко. Од сегашниот состав би останале Ристовски, Кизиќ, Димитриоски, Дибиров, Чупиќ, Ќосевски, Стоилов, Калараш, Горпишин, Горбок, Мишевски, Карапалевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот