Репрезентативецот Митревски се враќа во Португалија!? (ФОТО)

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Се шпекулира и негов трансфер во Вардар, но најверојатно ќе ги одбие „црвено-црните“, односно за македонските ракометни шампиони се вели дека се друга хипотеза.

Како што пренесува португалскиот медиум „Рекорд“, нашиот чувар на мрежата е блиску да потпише со екипата на Порто.

Од претходно е објавено дека Никола Митревски го напушти својот досегашен клуб Еурофарм Пелистер со кој играше во ЛШ и СЕХА.

Во Португалија пред да се пресели во Вардар, играше уште еден наш репрезентативец, Борко Ристовски во редовите на Бенфика.

фото: принтскрин/record.pt

Токму член на Бенфика во периодот од 2015-2017 година беше и 34-годишниот голман Митревски.

Изворот пишува дека Македонецот е блиску да му се придружи на својот тимски колега, португалскиот голман Алфредо Кинтана.

Се шпекулира и негов трансфер во Вардар, но најверојатно ќе ги одбие „црвено-црните“, односно за македонските ракометни шампиони се вели дека се друга хипотеза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот