Митревски не е повеќе голман на Еурофарм Пелистер

фото: СЕХА

Искусниот чувар на мрежата пред да се пресели во Битола беше дел уште од Вардар, Металург, португалската Бенфика и романскиот клуб Доброгеа Суд.

Македонскиот репрезентативен голман одлучи да ја напушти битолската ракометна екипа…

Никола Митревски (34) се разделува со Еурофарм Пелистер во чии редови беше една од клучните фигури во натпреварите од Лигата на шампионите и СЕХА Газпром лигата.

Искусниот чувар на мрежата пред да се пресели во Битола беше дел уште од Вардар, Металург, португалската Бенфика и романскиот клуб Доброгеа Суд.

Не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера, но познато е тоа дека ракометар од Бундес лигата две години ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Воедно клубот ја продолжи соработката со Милорад Кукоски, Милан Ѓукиќ, Елмир Граџан и Марин Вегар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот