Ракометар од Бундеслигата две години во Еурофарм Пелистер (ВИДЕО)
Нов член на Еурофарм Пелистер е босанскиот интернационалец Јосип Периќ (27), репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата.
Претходно најавија босанските медиуми, а денеска официјално и битолскиот ракометен клуб го потврди трансферот на своето ново засилување кое доаѓа од најсилната германска лига на светот.
Препорачано
Нов член на Еурофарм Пелистер е босанскиот интернационалец Јосип Периќ (27), репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата.
Доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепинген и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион. Станува збор за креативен среден бек, висок 180 сантиментри и зад себе има две сезони во една од најсилните европски лиги.
Досега во кариерата беше дел уште од Извиѓач Љубушки, Босна, Татабања, играше во Катар и романските Одорхеи и Дунареа.
Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина, запиша 39 настапи и постигна 45 гола. Тој е второ засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона, претходно клубот го промовираше Марио Танкоски, а беше и потврдено дека следната сезона во екипата останува Невен Стјепановиќ.


