И летонскиот голман Кугис ќе го напушти Вардар!

Фото: РК Вардар/Денис Дуковски

– Благодарение на агентот добив плата за пола сезона, исто така ми најде неколку добри опции, но мора да почекаме поради ситуацијата со вирусот – вели Кугис.

Уште еден чувар на мрежата ќе се раздели со актуелниот македонски, регионален и европски ракометен шампион Вардар.

Станува збор за Артурс Кугис кој потврди за официјалниот веб сајт на летонската ракометна федерација дека ќе ги напушти „црвено-црните“. Поради пандемијата на коронавирусот моментно е во домашна изолација со своето семејство во нашата држава.

Исто така свесен поради актуелната ситуација, но и свесен поради финансиските проблеми на клубот, доцнат платите на играчите и во овој момент тешко е да се очекува дека ќе дојде значајно подобрување.

Засега нема информации за продолжување на сезоната. Ги следиме препораките, седиме дома. Исто така нема информации и од клубот дали ќе има какви било промени, кратење на платите или нешто друго. Но, тешко е да се намали нешто, доколку немате плати за неколку месеци. Неколку играчи имаат добиено плата во март за првите два месеци од сезоната. За самиот себе можам да кажам дека сум во подобра позиција. Благодарение на агентот, добив плата за пола сезона, што е релативно добро. Сега агентот продолжува да се бори со клубот за останатите плати.

Малку се знае за следната сезона. Единствено што е јасно дека во Вардар нема да останам, но уште не знам каде ќе одам. Агентот најде неколку добри опции, но сега мора да почекаме околу целата оваа ситуација со вирусот – рече Кугис.

Претходно од Вардар сезонава предвреме си заминаа летонскиот „џин“ Даинис Криштопанс во бундеслигашот Фуксе Берлин и рускиот интернационалец Павел Атман во Спартак Москва.

Како што е веќе познато ова лето клубот ќе го напуштат уште Калифа Гедбан (Адемар Леон), Данил Шишкарев (Веспрем) и Сташ Скубе (Мешков Брест).

Се шпекулираат заминувања на три имиња, Кристиан Дисингер во португалскиот Спортинг, пивотот Домен Сикошек Пелко во Логроњо од Шпанија и Бразилецот Хозе Толедо во романскиот клуб Минаур Баја Маре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот