Сара Фергусон - Фото: EPA/RICCARDO ANTIMIANI

Нов „удар“ за Сара Фергусон, одземена ѝ е почесната титулата поради врските со Епстин

Сара Фергусон остана без почесната титула „Freedom of the City of York“ (Слобода на градот Јорк), што претставува нов „удар“ за поранешната војвотка од Јорк. Градските советници на Јорк едногласно гласаа одземање на титулата која ѝ беше доделена во 1987 година по нејзиниот брак со тогашниот принц Ендрју, пишува „Би-би-си“.

Одлуката беше донесена на вонредна седница во четвртокот навечер.

Овој потег следува поради пријателството на Фергусон со починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, по објавувањето на милиони документи од страна на американското Министерство за правда на почетокот на оваа година. Самото споменување во досиејата на Епштајн не е индикација за сторено прекршочно дело.

Фергусон и Ендрју Маунтбатен-Виндзор ја добија оваа почесна титула при посетата на Јорк, една година по нивниот брак. На Маунтбатен-Виндзор истата му беше одземена во 2022 година. Минатата година, кралот Чарлс му ги одзеде на својот помлад брат преостанатите титули и почести, вклучувајќи ја и титулата принц, по растечкиот притисок за неговите врски со Епстин.

Фото: EPA

За време на состанокот во четвртокот, лидерката на лабуристите во советот на Јорк, Клер Даглас, изјави:

„Почесното граѓанство се доделува само на истакнати лица кои дале еминентни услуги на градот Јорк. Како што очекуваат граѓаните, поседувањето на овој статус бара одржување на вредности и однесувања во согласност со таквата чест. Оние кои продолжија да се дружат со Епстин откако неговите злосторства станаа широко познати, не ги исполнуваат овие очекувања“.

Голем број хуманитарни организации веќе ги прекинаа своите врски со Фергусон, откако во електронската пошта од 2011 година било наведено дека таа го нарекла Епстин свој „врховен пријател“ и наводно му се извинила за нејзините јавни критики кон него.

Ендру Маунтбатен Виндзор и Сара Фергусон/Фото: EPA/WILL OLIVER

Во октомври, таа ја изгуби титулата војвотка кога нејзиниот поранешен сопруг се откажа од својата титула војвода од Јорк. Нови детали за пријателството на Фергусон со Епстин се појавија во огромниот обем на документи објавени оваа година. Тоа значи дека таа го контактирала додека тој бил во затвор поради подведување малолетничка на проституција  и дека ги однела своите ќерки на ручек со него во Мајами, само неколку дена по неговото излегување од затвор.

Минатиот викенд, „Би-би-си“ откри дека има се повеќе повици до Фергусон да даде исказ во врска со нејзините врски со Епстин. Американските законодавци постојано, но неуспешно, бараа од нејзиниот поранешен сопруг да одговори на прашања за Епстин, а сега на истото се повикува и Фергусон. Не постои правен механизам со кој Фергусон би се принудила да сведочи во САД.

Нејзините претставници одбија да ги коментираат овие повици од американските политичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот