Нов шок за Барселона, не може да ги регистрира Левандовски, Кунде и Рафиња

Роберт Левандовски летово дојде во Барселона од Баерн Минхен/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Барселона во летниот преоден рок потроши 153 милиони евра за засилувања иако се наоѓа во голема финансиска криза и сега не може да ги регистрира новите фудбалери.

Челниците на Ла Лига го информирале каталонскиот тим дека нема да мора да ги намали трошоците и да продаде дел од фудбалерите за да може да ги регистрира засилувањата во летниот преоден рок.

Доколку во текот на наредната недела не успее да пронајде начин да ги исполни барањата на Ла Лига, Барселона во првото коло нема да може да смета на Роберт Левандовски, Жил Кунде и Рафиња за кои потроши 153 милиони евра.

Покрај нив, како слободни играчи, на „Камп Ноу“ пристигнаа и Андреас Кристенсен и Френк Кеси, а првото коло против Рајо Ваљекано нема да можат да настапат ниту Осман Дембеле и Серхи Роберто кои потпишаа нови договори со Барселона.

Како можно решение за излез од новонастанатата ситуација, управата на Барселона на чело со претседателот Жоан Лапорта го гледа во продажбата на неколку играчи, пред се на Френки де Јонг кој има најголема плата и на Мемфис Депај.

Но, проблем претставува тоа што Де Јонг и покрај интересот од Челси и двата тима од Манчестер, Сити и Јунајтед, нема намера да си замине од Барселона се додека не му бидат исплатени 17 милиони евра кои му ги должи каталонскиот тим.

Лапорта има големи проблеми и со Депај бидејќи Холанѓанецот сака да си замине од „Камп Ноу“ под негови услови. Имено, Депај бара да си замине како слободен играч и сам да го избере идниот клуб, а не да биде продаден.

Депај му порачал на Лапорта дека минатото лето тој дошол во Барселона како слободен играч и потпиша двегодишен договор за плата од 5 милиони евра по сезона иако имал понуди од други екипи кои му нуделе двојно поголема плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот