Нобелова награда за мир/Фото: Achille Abboud / imago stock&people / Profimedia

Нобелов комитет: Наградата останува врзана за лауреатот, без оглед на судбината на медалот

Нобеловата награда за мир останува неразделно поврзана со лицето или организацијата што е прогласена за лауреат, без оглед на тоа што подоцна ќе се случи со медалот, дипломата или паричниот износ, соопшти денес норвешкиот Нобелов комитет.

Реакцијата следува откако добитничката на наградата, лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, му врачи дел од својата награда, златен медал, на претседателот на Соединетите Американски Држави , Доналд Трамп , кој ѝ се заблагодари за тоа.

Без оглед на тоа што може да се случи со медалот, дипломата или паричниот износ, оригиналниот лауреат е и останува запишан во историјата како добитник на наградата “, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет .

Се додава дека статутот на Нобеловата фондација не пропишува никакви ограничувања во врска со располагањето со медалот, дипломата или парите, што значи дека лауреатот има право да ги задржи, подарува, продава или донира овие награди.

Белата куќа претходно објави фотографија од Трамп и Мачадо на која американскиот претседател држи голема, златна рамка со Нобеловиот медал, а функционер на Белата куќа потврди дека Трамп има намера да го задржи.

Нобеловата награда за мир, покрај златниот медал, вклучува диплома и парична награда од околу 1,19 милиони долари.

Нобеловата награда за мир на Мачадо заврши кај Трамп

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот