Нишикори само го налути Ѓоковиќ, првиот светски рекет во осминафиналето на „УС Опен“

Српскиот тениски ас продолжува успешно на грен слем турнирот во Њујорк/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Денеска во 1/16 финалето на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк (САД), првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ славеше против Јапонецот Кеи Нишикори со 3:1 во сетови 6:7 (4), 6:3, 6:3 и 6:2 за три и пол часа игра. 14 пат по ред Ноле е во четвртото коло во ова натпреварување.

За пласман во четвртфиналето српскиот ас ќе игра против победникот од мечот Аслан Карацев (Русија) и Џенсон Бруксби од САД.

Пласман во осмифиналето обезбеди и осмиот носител на турнирот, Италијанецот Матео Беретини кој во пет сета со 3:2 го елиминираше Белорусинот Илја Ивашка со 7:6 (5), 2:6, 4:6, 6:3 и 3:6.

Во следната фаза Беретини ќе игра против Германецот Оскар Оте кој со 3:1 беше подобар од Андреас Сепи (Италија) со 6:3, 6:4, 2:6 и 7:5. Последната осминафинална двојка ќе се дознае по мечевите Зверев – Сок и Монфис – Синер.

Во женска конкуренција шестата носителка Бјанка Андреску од Романија убедливо со 6:1 и 6:2 ја елиминираше Гретје Минен од Белгија.

Противничка на Андреску во осминафиналето ќе биде грчката натпреварувачка Марија Сакари која со 6:4 и 6:3 ја исфрли Петра Квитова од Чешка.

Триумфи во 1/16 финалето остварија уште Белинда Бенчиќ против Американката Џесика Пегула (2:0), и Швајцарката во наредната рунда ќе се соочи со Ига Швјонтек од Полска која триумфираше против Анте Контавејт од Естонија.

Ема Радукану од Велика Британија против Сара Сорибес Тормо (Шпанија) исто така со 2:0 дојде до победата (6:0, 6:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот