Николас Кејџ прифати да се глуми себеси во филмот Николас Кејџ

profimedia

Николас Кејџ прифати да се глуми себеси во новиот филм кој ќе ја прикаже приказната за очајничките обиди на актерот да добие улога во филм на Квентин Тарантино.

Сепак, прашање на време е кога продуцентската куќа „Lionsgate” ќе го купи овој филм наречен „Unbearable Weight of Massive Talent” (Неподносливата тешкотија на огромниот талент).

Сценаристи на филмот се Том Гормикан и Кевин Итен, дуото кое ја носи измислената приказна за Кејџ кој нема среќа и очајнички посакува улога во филм на познатиот режисер.

Освен тоа, Кејџ во филмот се обидува да ги подмири долговите, па се согласува да се појави на роденденската забава на член на мексикански нарко-картел кој е негов обожавател и кој сака Кејџ да го види сценариото за филм што го напишал неговиот нарко-бос. Покрај сето тоа, Кејџ ќе се обиде и да го поправи односот со својата ќерка која е во тинејџерските години.

Новоста е што Николас Кејџ прифатил да глуми во овој филм откако сценаристите му објасниле дека целта не им била да го исмеат познатиот актер туку да му оддадат почит за неговите најдобри улоги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот