Никола Ѓоргиев и Карловарско играа во финалето на Купот на Чешка
Капитенот на машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија, Никола Ѓоргиев и неговиот клуб Карловарско играа во финалето на фајнал-фор турнирот од Чешкиот куп, кој викендов се играше во Чешке Будејовице.
Препорачано
Екипата на Ѓоргиев загуби со резултат 1:3 во сетови (24:26, 23:25, 25:15, 17:25) од бранителот на титулата, Прага.
За клубот од Карлови Вари ова беше седмо куп-финале во кое не успеаја да го крене првиот трофеј и покрај тоа што особено во првите два сета играше рамноправно.
Ѓоргиев во финалето доби шанса само во вториот сет, но не реализираше.
Коректорот, затоа, одигра клучна улога во полуфиналниот натпревар со АЕРО Одолена Вода, кога Карловарско славеше со 3:1 (25:19, 25:22, 13:25, 26:24). Ѓоргиев го одигра комплетниот полуфинален дуел и беше прв поентер со 17 поени (сите од напад) предводејќи го својот тим кон финалето.
Следниот предизвик кон кој се насочува нашиот интернационалец е првенствениот плејоф.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
6час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


