Никол Кидман за најтешкиот момент: „Дознав дека мајка ми починала непосредно пред да излезам на сцена“
Холивудската актерка Никол Кидман откри дека за смртта на својата мајка дознала само неколку моменти пред да ја прими наградата за најдобра актерка на Венецијанскиот филмски фестивал во 2024 година, за филмот „Малечка“ (Babygirl).
Препорачано
Во разговор со Хода Котб, Кидман се присети на шокантниот момент.
„Требаше да излезам на сцена кога дознав дека мајка ми починала. Веднаш се вратив во собата во Венеција, легнав и бев целосно скршена“, раскажа таа.
Таа откри дека во текот на ноќта се обидела да замине од градот за да биде со семејството.
„Влегов во чамец ноќе, обидувајќи се да стигнам до аеродромот, а потоа се свртев и реков: ‘Не можам ни ова да го направам’. Се вратив во хотелот и бев сама“, рече актерката.
„Бев таму за да примам награда – нешто што требаше да биде убав момент. Тоа е контрастот на животот“, додаде таа.
Кидман истакна дека токму мајка ѝ ѝ дала сила да продолжи понатаму.
„Ми велеше: ‘Никогаш не дозволувај некој да ти го скрши духот’“, рече актерката.
Таа додаде дека мајка ѝ ја охрабрила да не се откажува од кариерата кога во четириесеттите години почнале да се намалуваат улогите.
По тој совет, Кидман започнала да работи и како продуцент, а еден од првите проекти бил филмот „Зајачка дупка“ (Rabbit Hole), за кој подоцна доби номинација за Оскар.
Актерката наскоро ќе ја гледаме во трилерот „Врв“ (Apex), кој пристигнува на Нетфликс, како и во продолжението „Практична магија 2“ (Practical Magic 2).
Покрај тоа, таа ќе глуми и во нови серии – „Марго има проблеми со парите“ (Margo’s Got Money Problems) и „Скарпета“ (Scarpetta).


