Никол Кидман одлучи да стане дула за умирање
Познатата актерка Никол Кидман на 58 години врти страница во животот, која е драстично различна од нејзината успешна холивудска кариера.
Препорачано
Тоа е длабоко лична одлука да стане „дула за умирање“, за која, како што рече, иако „можеби звучи малку чудно“, е исклучително важна за неа, пишува „Варајети“.
За време на гостувањето на Универзитетот во Сан Франциско како дел од „Свилен говорник“, Кидман откри дека одлучила да ја заврши обуката по смртта на нејзината мајка, која почина на 85-годишна возраст.
Актерката објасни дека искуството ја натерало да размисли за поддршката што луѓето ја имаат на крајот од својот живот.
– Кога мајка ми умираше, таа беше сама, а ние како семејство можевме да ѝ пружиме само ограничена поддршка – рекла Кидман на настанот.
Актерката се сети на својата мајка на социјалните мрежи минатиот март, на денот кога ќе го прославеше својот 85-ти роденден, пишувајќи: „Многу ми недостигаат мајка ми и татко ми на денот кога таа ќе го прославеше својот роденден“.
Таа сподели слична објава оваа година, пишувајќи: „Се сеќавам на мајка ми на нејзиниот роденден. Засекогаш во моето срце.“
Објаснувајќи ѝ на публиката зошто одлучила да прифати нов повик, Кидман рече: „Сестра ми и јас имаме многу деца, наши кариери и работни места, и сакавме да се грижиме за неа откако почина татко ни. И тогаш помислив: ‘Сакам да има луѓе во светот кои би биле таму да седат со неа непристрасно и само да ѝ пружат утеха и грижа’.“
– Значи, тоа е дел од мојот личен развој и едно од нештата што ќе ги научам – заклучила таа.
Што е дула за умирање?
Терминот дула им е познат на многумина во контекст на породување, каде што немедицински професионалец ѝ дава поддршка на жената во породување. Сепак, дулите можат да обезбедат поддршка на луѓето кои минуваат низ какво било значајно медицинско искуство, вклучително и крајот на животот.
Дулите не се медицински обучени како лекарите или медицинските сестри, туку се таму за да обезбедат дополнителна емоционална и сочувствителна поддршка. Меѓународното здружение за дули за умирање (или дула за крајот од животот) на својата веб-страница објаснува дека е „немедицински придружник кој обезбедува персонализирана и сочувствителна поддршка на поединци, семејства и нивните најблиски додека се справуваат со смртта, загубата и смртноста“.
Никол Кидман имаше исклучително успешна кариера со улоги во филмови како „Очи широко затворени“, „Мулен Руж!“ и „Падингтон“, а сега се посветува на нов, длабоко хуман повик.


