Никол Кидман и Кит Урбан го финализираа разводот: Познати се деталите за старателството и поделбата на имотот
Никол Кидман и Кит Урбан го финализираа својот развод, пренесува „Пејџ Сикс“. Според судските документи, поранешната двојка се согласила да се откаже од сите права на издршка.
Препорачано
Според договорот, нивните ќерки, Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (15), ќе живеат со актерката 306 дена во годината. Во меѓувреме, на Урбан му е одредено да поминува време со нив „секој втор викенд“.
Урбан и Кидман исто така се согласиле дека ниту еден од нив нема да плаќа алиментација, наведувајќи дека и двајцата пријавиле месечни приходи поголеми од 100.000 долари.
Дополнително, се согласиле целокупниот имот, вклучувајќи инвестиции, банкарски сметки, домашен мебел, апарати, возила и лични предмети, да биде поделен по меѓусебен договор, при што секој ќе го задржи она што моментално го поседува.
Двајцата ќе ги покриваат сопствените правни трошоци. Засега не е познато дали имале предбрачен договор.
Иако сослушувањето било закажано за вторник, Кидман се откажала од правото да се појави на суд, бидејќи претходниот ден се вратила од Австралија, каде што ги поминала празниците со своите ќерки.
Кидман поднела барање за развод во септември, наведувајќи ги непомирливите разлики како причина.


