Незгодни противници за најдобрите македонските кошаркари во олимписките претквалификации
Машката кошаркарска сениорска репрезентација на Македонија ќе биде дел од осумте европски селекции кои ќе играат во Талин (Естонија), на еден од трите предвидени турнири во европската зона на ФИБА.
Препорачано
Поточно во Талин, односно Гливице и Истанбул, вкупно 32 национални селекции од Европа ќе се поделат во четири групи по осум учесници. Согласно со предвидениот план, групите „А“ и „Б“ (првата фаза) ќе се играат во Естонија односно Полска (завршната во полскиот град), а групите „Ц“ и „Д“ во Турција.
Ждрепката одлучи нашата селекција да биде во групата „А“ заедно со Чешка, Естонија и Израел.
Во групата „Б“ се репрезентациите на Португалија, Полска, Унгарија и Босна и Херцеговина, потоа во групата Ц“ Турција, Украина, Бугарија и Исланд, а во групата „Д“ ќе играат Холандија, Хрватска, Белгија и Шведска.
Претквалификациите за Олимписките игри во Париз 2024 ќе се играат од 12 до 20 август оваа година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во полуфиналето, нашата група се поврзува со селекциите од групата „Б“ каде што се Португалија, Полска, Унгарија и Босна и Херцеговина. Во квалификациите за Олимписките игри ќе се најде победникот на турнирот.


