ФОТО | Невнимателен возач влетал со автомобил и го оштетил најстариот тоалет во Јапонија

Фото: Принтскрин/ Твитер/KYOTO PREFECTURAL BOARD OF EDUCATION

Невнимателен возач сериозно го оштетил официјално најстариот сочуван тоалет во Јапонија, кој му припаѓа на будистички храм и кој е регистриран како важно културно богатство.

Јапонската телевизија „ТБС“ јавува дека невнимателниот возач со автомобилот тешко го оштетил официјално најстариот тоалет во земјата, направен уште во средниот век.

Имено, во девет часот наутро по јапонско време автомобилот влетал во тоалетот на будистичкиот храм Тофукуџи во градот Кјото, кој е регистриран како важно културно богатство и важи за најстар сочуван тоалет во целата земја.

Таа древна градба која со векови ја користеле монаси, се смета дека датира од првата половина на периодот во Јапонија познат како Муромачи, кој траел од 1336. до 1573 година.

Немало повредени, но уништена е вратата во ширина од два метри и дел од ѕидот на тоалетот, кој, инаку, се состои од повеќе од десет дупки во подот со метални садови.

До таа културна трагедија дошло кога неименуван 30-годишен маж кој во храмат дошол по работа, додека барал место да се паркира, па наместо на паркинг, со автомобилот завршил во средновековниот монашки тоалет.


Самиот храм Тофукуџи во целост првпат бил изграден во далечната 1255 година, но подоцна во повеќе наврати страдал во пожари и бил обновуван.

Во Јапонија е познат по тоа што е најголемиот храм во античкиот главен град Кјото, а меѓу посетителите, особено љубителите на природата и фотографијата, омилен е по својот есенски пејзаж, бидејќи има многу дрвја, но и по песокот и каменот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот