Неверојатно, Швјонтек во финалето на Мастерсот во Рим не загуби ниту еден гем

epa09204312 Iga Swiatek of Poland celebrates with the trophy after defeating Karolina Pliskova of Czech Republic in their women's singles final match at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 16 May 2021. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Полската тенисер Ига Швјонтек е триумифира на Мастерсот во Рим откако во финалето оствари неверојатна победа. Швојтек за само 48 минути во финалето ја декласира Каролина Плишкова со убедливи 6:0,6:0 и за прв пат во историјата на турнирот во Рим никогаш не е остварен ваков резултат во финалето.

На Швјонтек не и претставуваше проблем тоа што во саботата одигра два меча, четвртфиналниот и полуфиналниот и денеска успеа да дојде до првата титула на Мастерс турнирите.
За тоа колку доминантно изгледаше полската тенисерка најдобро покажува статистиката, таа во првиот сет загуби самко четири поени со што ја деморализира Плишкова.
Ига Швјонтек е актуелна шампионка на Ролан Гарос, а победата на последниот голем турнир пред овогодинешното издание на грен слем турнирот кој се игра на земја, е одлична увертира за нов добар пласман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот