Несторовски добил понуда да се пресели на Кипар

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Maкедонскиот напаѓач, Илија Несторовски како што стојат работите летово ќе ја промени средината и ќе го напушти италијански Удинезе.

Во финишот од сезоната Несторовски добиваше прилика, меѓутоа тоа беа натпревари откако тимот го обезбеди опстанокот, па управата и раководството сакала да ги тестира оние на кои не смета премногу. Италијанските медиуми пишуваа дека Несторовски бил еден од оние кои не го поминал тестот.

Се поврзуваше 33-годишниот напаѓач со клубови од Италија, а сега наводно сериозен интерес за Нестор покажал кипарскиот АПОЕЛ.

Кипарските медиуми тврдат дека Несторовски е голема желба на тимот од Никозија и веќе првите контакти се остварени, но не е позната желбата на македонскиот напаѓач.

Претходно како потенцијални нови клубови на Несторовски се споменуваа италијанските второлигаши: Палермо, Венеција и Пиза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот