Фото: Инстаграм

Ненадејно почина ѕвездата на ТикТок: Со месеци се борела со неподносливи мигрени

Џехан Томас (30), мајка на два сина која беше ѕвезда на социјалната мрежа ТикТок, ненадејно почина по неколкумесечна борба со неподносливите мигрени.

Џехан од Донкастер имаше 67.000 следбеници на оваа популарна платформа. На ТикТок таа главно објавуваше видеа од нејзиниот секојдневен живот, како подготовка на ручек за синовите или одење во шопинг, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jehane Thomas (@jehane_x)


Нејзиното семејство е скршено, како и голем број луѓе кои ја следеле. Смртта на Џехан ги шокирала бидејќи не знаеле дека нејзината состојба е толку лоша. Неодамна таа објави видеа на кои се жали на воспаление на очниот нерв кој пренесува информации од окото во мозокот, што ѝ ги предизвикувало страшните болки.

Поради тоа во последните недели често престојувала во болници, а во последното свое видео се снимала себеси во болнички кревет, непосредно пред операцијата.

„Не можам да ја кренам главата без да ми се слоши, а камоли да одам. Насекаде мора да ме туркаат во количка. Толку е страшна оваа болка“, рекла младата жена.

Џехан неодамна била пуштена од болница по еднонеделно лекување од ужасните мигрени, но нејзината состојба повторно се влошила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jehane Thomas (@jehane_x)


На страницата GoFundMe е покрената кампања за собирање пари за да му се помогне на нејзиниот сопруг. Џехан зад себе ги остави тригодишниот син Исак и едногодишниот Илија. Досега се собрани околу 10.000 фунти.

Нејзината најдобра пријателка, исто така, ѕвезда на социјалните мрежи, Аликс Рест, се прости од Џехан на Инстаграм.

„Таа беше мајка на две деца, триесетгодишна жена која на 17 март ненадејно нè напушти. Иако знаевме за нејзините здравствени проблеми и неподносливите болки, веста за нејзината смрт нè затекна и сите сме со скршено срце. Нејзините деца останаа без својата мајка. Џехан, ти ветив дека ќе направам сè што можам за нив и имам намера да го исполнам моето ветување. Те сакам“, напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jehane Thomas (@jehane_x)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот