Нема одмор за Вардар 1961, денеска прв меч на турнирот во Струга

Тимур Дибиров (Вардар 1961)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска стартува 49 издание на традиционалниот ракометен струшки турнир во кој годинава нема да учествуваат екипи од странство.

Вчера во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје се играше Суперкупот на Македонија во кој Е. Пелистер триумфираше над Вардар 1961 убедливо со 31:22.

Овие две екипи се сметаат за најголеми фаворити и на турнирот во Струга во кој шест учесници се поделени во две групи.

Во групата „1“ се домаќинот Струга, Бутел Скопје и Вардар 1961, а во групата „2“ Тиквеш 2014, Металург и Е. Пелистер. Во ланското 48 издание првото место го освои Е. Пелистер, пред Вардар 1861 и Металург.

Нема одмор за играчите на Веселин Вујовиќ кои во денешниот прв ден од 18.30 часот ќе играат против Струга, од 20.00 часот е свеченото отворање, а од 21.00 часот Тиквеш ќе игра против Металург.

На вториот ден, 13 август, Бутел од 19.00 часот за ривал ја има Струга, а од 21.00 часот Е. Пелистер ќе игра со Металург.

На третиот ден, 14 август“, Тиквеш-Е. Пелистер и од 21.00 часот Вардар 1961-Бутел. На последниот ден, 15 август, се мечевите за пласман. Од 17.15 часот ќе биде натпреварот за петтото место, од 19.15 часот дуелот за третото место и за трофејот од 21.15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот