ФОТО: Суперкуп трофејот во рацете на Е. Пелистер, прекината доминацијата на Вардар

Прв Суперкуп трофеј во Битола/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска во Суперкупот на Македонија кој се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје екипата на Еурофарм Пелистер ја прекина доминацијата на Вардар 1961 триумфирајќи со 31:22.

„Црвено-црните“ ја имаа фаворитската улога, ја бркаа и четвртата Суперкуп титула, но на крајот Е. Пелистер беше тој дојде до победата. Добра започнаа ракометарите на Веселин Вујовиќ со стекната позитива од 7:4 по првите 10 минути игра, а потоа се погрижија за 9:6.

Потоа Вујовиќ малку го измеша составот, посебно во нападот каде шанса добија помладите играчи, а тоа умешно го искористи Е. Пелистер кој дојде на егал, 10:10 во 20 минута од дуелот. Во продолжението се играше гол за гол, кај вардарци Дибиров беше прва „виолина“ со шест голови, а на спротивната страна Периќ имаше добра партија. На полувреме се замина со 14:14.

Фантастичен почеток на вториот дел имаше составот на Жељко Бабиќ, со серија од 5:1 дојдоа до 22:17 за што потоа имаа резултатска контрола и истата ја контролираа до крајот на средбата.

Момент од натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Голманите на Вардар 1961/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Анте Гаџа (Вардар 1961)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Томислав Јагуриновски (Вардар 1961)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Филип Талески (Вардар 1961) Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Јосип Периќ (Еурофарм Пелистер)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Гоце Георгиевски (Вардар 1961)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Тренерот на Вардар 1961, Веселин Вујовиќ/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Тимур Дибиров (Вардар 1961)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Стипе Мандалиниќ (Еурофарм Пелистер)/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претходно при 21:27 кога веќе битолчани се одвоија на убава предност, проработе и нервозата кај скопскиот тим, во еден дуел Стоилов со лакт удри во телото на српскиот бек Обрадовиќ, по што судиите Николов и Начевски му доделија црвен картон на македонскиот репрезентативец во 52 минута.

А после пеналот на Мандалиниќ во 55 минута за 28:21 веќе полека се наѕираше победникот, а победата ја потврди Божиќ Павлетиќ за високи 29:21.

Значаен придонес во победата на битолската екипа имаше и унгарскиот голман Секели кој се истакна со 11 одбрани.

Прв стрелец во победничките редови беше Мандалиниќ со шест голови, а на спротивната страна еден повеќе имаше Дибиров.

Прв Суперкуп трофеј во Битола/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Шампионски старт на сезоната за Еурофарм Пелистер/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Босанецот Периќ го подигна Суперкуп трофејот/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот