Неколку месеци не можеа да ги „уловат“ заедно: Меган и Хари сликани во Беверли Хилс – Нема ниту трага од претходниот гламур (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Папраците зграбија ретка прилика да го сликаат овој пар…

Меган Маркл и принцот Хари се забележани на улиците во Беверли Хилс овие денови. Тие двајца, во друштво на своето обезбедување, го напуштиле работниот состанок, а папараците зграбиле ретка прилика да ги сликаат заедно.

Фото: Профимедиа

Меган била облечена во бел, ленен фустан, на нозете носела балетанки во крем и црна боја, црна торбичка, а на главата сламен шешир. Таа носела и очила за сонце и неизбежната маска, така што очигледно е дека добро се „камуфлирала“ за да ги избегне погледите од поминувачите.

Фото: Профимедиа

Од друга страна, Хари носел сива поло маица и фармерки, заштитна маска и капче, а цело време се движел зад својата сопруга и обезбедувањето.

Фото: Профимедиа

Војводата и војвотката од Сасекс посакуваа едноставен живот, но дали во волкава мера не сме сигурни, бидејќи како што велат и критичарите – за овој пар уловен на улиците на Беверли Хилс може слободно да се каже дека нема ништо заедничко со гламурозните Хари и Меган од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот