Нека уживаат вашите непца и ова попладне – Неодолив и брз десерт: Јаболки полнети со ореви

Фото: Профимедиа

Уживајте во вкусот на овој десерт…

Состојки:

– 4 јаболки
-1/2 лимон
– 4 лажици путер, на собна температура
– 5 лажици овошни мусли
– 2 лажици мед
– 1/4 шолја сецкани оревчиња
– малку суво гројзе или друго суво овошје по вкус
– сладолед од ванила (по желба)

Фото: Профимедиа

Подготовка:

– Загрејте ја рерната на 220 Целзиусови степени.
– Јаболките измијте ги, пресечете им ги врвовите и издлабете ја средината каде што се семките. Бидете внимателни јаболките да ви останат цели.
– Потоа јаболките испрскајте ги со лимонов сок.
– Во сад помешајте путер, мусли, мед и ореви.
– Наполнете ги јаболките до врв.
– Наредете ги во плех, ставете ги во загреана рерна и печете ги околу 20 минути додека тие да омекнат.
– Кога ќе се испечат, извадете ги од рерната и оставете ги малку да се оладат.
– Печените јаболки можете да ги послужите со сладолед од ванила, прелив од карамела, стопено чоколадо и сл.

Уживајте и ова попладне!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот