Нејзиниот татко со децении е во холивудската секта: Како Џенифер Лопез успеа да ги избегне канџите на Скиентологијата

Фото: Профимедиа

Иако меѓу членовите на Скиентолошката црква Џеј Ло има многу пријатели, а нејзиниот татко е истакнат скиентолог, пејачката и актерка не е на списокот со познати кои се „вовлечени“ во оваа мрачна приказна.

Актерката Леа Ремини, на пошироката публика позната по главната женска улога во ситкомот „King of Queens“ и по тоа што по излегувањето од Скиентолошката црква започна да ја шири во медиумите вистината за оваа организација.

Таа со години е блиска пријателка на Џенифер Лопез, а повеќе пати истакна дека високи членови на Црквата се обиделе да ја одалечат од пејачката и актерка откако таа излегла од неа.

– Претпоставувам дека сакаа и неа да ја вовлечат во скиентологијата, а јас можеби им се најдов на патот, истакна Леа.

Фото: Профимедиа

Таа објасни дека тоа не им успало бидејќи Џенифер одамна ја препознала вистинската природа на овој култ. Како што вели Ремини, таа не им застанала на скиентолозите на пат бидејќи Џенифер, инаку голема верничка, никогаш не би можеле да ја прелажат.

– Јас не ја спасив од ништо. Џенифер е многу одлучна жена и посветена е на духовноста. Таа е католик, секогаш била тоа, а нејзиниот татко е индоктриран скиентолог, веќе долго. Тој ги достигнал тајните нивоа на скиентологијата. Но Џенифер сама ги донесува одлуките, нагласува Леа.

Таа додаде дека Џеј Ло постојано била покрај неа додека се соочила со притисоците поради излегувањето од Скиентолошката црква и по нејзините објави во медиумите и документарната серија „Leah Remini: Scientology and the Aftermath“.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот