Недела е ден за домашно приготвен десерт: Како да направите ливчиња од бадеми со овој слаткарски трик?

Unsplash
Unsplash

Во подготовката на слатки често ќе наидете на состојка – ливчиња од бадеми. Тоа се всушност обелени (лупени) и тенко исечкани бадеми. Некогаш може да ги најдете во продажба, но ако не успеете, имате опција сами да ги приготвите.

Бланширајте ги – прво треба да ги ставите во врела вода и да се варат две-три минути. Потоа извадете ги од водата и како ќе притиснете со прстите, бадемите ќе излегуваат од лушпата.

Потопете ги во ладна вода – во овој случај бадемите ќе ја сочуваат својата боја и цврстина. Ама треба да ги оставите да стојат потопени во вода 24 часа. Потоа исто како при бланширањето, излупете ги со стискање.

Исушете ги – без разлика како ќе ги лупите, потоа треба да ги оставите да се исцедат и исушат. За таа цел распоредете ги на обична крпа или кујнска хартија. Ќе им требаат неколку часови целосно да се исушат. Ако ви се брза, ставете ги во рерна вклучена на 50 степени за да не изгорат.

Филирајте ги – ова всушност е најтешкиот дел од работата. Со помош на многу остар нож исечете ги најтенко што можете на две-три ливчиња. Ако сте во можност да ја купите, за оваа цел има посебна алатка што ја олеснува работата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот